Се исполнија предвидувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио МИлошоски, кој најави дека на денешната пленарна седница парламентот ќе ја помести подоле на дневниот ред точката за комплетирање на ДИК.
Имено како точка под реден број три беше предвидено објавување на јавен оглас за избор на нови членови на Државната изборна комисија, но точката беше поместена под реден број 17.
Според претходно објавениот фејсбук статус на Милошоски власта се обидува да го опструира изборот на нови членови на Државната изборна комисија, откако старите си поднесоа оставки.
Милошоски на својот фејсбук профил објави дека на денешната пленарна седница во Собранието, по барање на власта, ќе биде одложена точката за објавување јавен оглас за нови членови на ДИК.
„Во меѓувреме стигнале нови наредби од извршната власт до владејачкото мнозинство; министер од редовите на СДСМ се јавил кај неколку пратеници и побарал
- Пратениците да гласаат против одлуката за комплетирање на ДИК или
- Пратениците од владејачкото мнозинство да ја симнат точката за ДИК од дневен ред или
- СДСМ и ДУИ да ја поместат точката за ДИК подолу и пред истата да дојде на ред седницата да се прекине и да презакажувањето на истата да се одолговлекува.“, напиша Милошоски и праша кому му одговара ДИК да биде некомплетирана и нефункционална.