525
Во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство започна новиот протест на Шарената револуција. Фокус на денешниот протест е одбројувањето до 18 јуни, крајниот рок кој и е поставен на власта да ги исполни барањата на граѓаните кои протестираат.
Шарената револуција денеска му оддава почит и на Дарко Марковиќ, авторот на култниот „Пецко“, кој по долго боледување почина денеска во Скопје.
На главниот транспарент денеска пишува „Груевски на суд, одбројуваме до слобода“, а граѓаните носат и картони со ликот на Пецко.