Судот ги одби мерките за претпазливост за Груевски и Јанакиески

by fokus 19:41
19:41

Основниот суд Скопје 1 предмалку соопшти дека не го прифаќа барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување на мерки за претпазливост за осмничените во случајот за рушење на Космос, Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски.

-Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за определување мерки на претпазливост спрема осомничените Н.Г., M.J. и T.T. поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) и се опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „ТНТ“, донесе решение со кое го одби како неоснован предлогот на СЈО и против истите не определи мерки на претпазливост, соопштија од Судот.

Од Судот додаваат дека во рок од 24 часа СЈО има право да поднесе жалба до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1.

Поврзани новости