Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец, кој е осомничен дека го сторил кривичното дело „убиство“ според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје.
– На 6 ноември, во семејниот дом на улицата „Никола Малешевски“, при семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Со жртвата тој прво започнал вербална расправија за финансиски средства, по што физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала, по што осомничениот продолжил да ја удира со тупаници и нозе, нанесувајќи и повеќе телесни повреди од кои починала, велат од скопското Обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да се обиде да ги прикрие трагите за стореното кривично дело.