Предлог притвор за млад тетовец кој со нож избодел маж бидејќи не му давал пари за во казино

by Fokus

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице од Тетово осомничено за обид за убиство.

Како што информираат од Основното Јавно Обвинителство, осомничениот на 7 јануари се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле во казино во селото Желино.

– Во казиното му побарал 50 евра на оштетениот, кои веднаш ги потрошил. Потоа отишле во казино во селото Жеровјане, каде, исто така, побарал и потрошил 50 евра од оштетениот. Кога се вратил нервозен во возилото, осомничениот побарал уште пари од оштетениот, но тој одбил да му даде. Во тој момент, осомничениот извадил нож од џебот и му се заканил. Оштетениот повторно одбил да му даде пари и му рекол да се симне од неговото возило, по што осомничениот му задал неколку убоди со нож во стомакот и градниот кош. Оштетениот веднаш излегол од автомобилот и почнал да бега, а осомничениот трчал по него со ножот во раката. Го стигнал и му задал уште неколку удари во грбот и главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Оштетениот паднал на земја и му ги дал сите пари кои ги имал со себе – околу 300 евра, по што осомничениот се дал во бегство, стои во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка куќен притвор и мерка – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница за осомниченото лице

Поврзани новости