Предлог-полициски час од среда, Филипче апелира на дисциплина

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку објава на својот профил на Фејсбук ја објасни причината за барањето на МЗ за воведување на полициски час на територија на целата држава.

„Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.03). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19“, истакна Филипче.

 

Поврзани новости