Лапорта се врати во Барселона, но што ќе се случи со Меси?

by Fokus

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека ќе разговара со напаѓачот на тимот Лионел Меси и ќе се обиде да го убеди да остане.

– По добредојде на клупскиот персонал, ќе го повикам Меси. Дали ќе успеам да го убедам да остане? Од него зависи. Ќе дадам се од себе за да остане, имајќи ги предвид економските можности на клубот, изјави Лапорта.

Тој на вчерашните претседателски избори освои 54,28 проценти од гласовите. Второто место му припадна на Виктор Фонт (29,99). Ентони Фреиша е на третата позиција (8,58).

Педест и осумгодишниот Лапорта претходно беше претседател на Барселона. Тој ја извршуваше оваа функција од 2003 до 2010 година.

Договорот на 33-годишниот Лионел Меси истекува на 30 јуни 2021 година. Оваа сезона тој одигра 34 натпревари за Барселона и постигна 24 погодоци и 11 асистенции.

Поврзани новости