ПРЕДЛОГ ДНЕВЕН РЕД: Собранието ќе ги одложи изборите, без да се прецизира нов датум!

by Фокус

Вељановски за во 16 часот свика пленарна седница со една точка на дневен ред, одложување на изборите на 5 јуни.

Во предлогот поднесен од Талат Џафери се бара бришење на членовите 82 и 83 кои се однесуваат на изборите и следствено на медиумското покривање на изборите.

„Со Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија број 196/15 и 35/16), во преодните одредби, членови 82 и 83, предвидено е предвремените избори за пратеници да се одржат на 5 јуни 2016 година и утврдени се соодветни забрани и обврски за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми.

Имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд на Република Македонија од 18 мај 2016 година, предлагам бришење на овие одредби од Законикот“, се вели во предлогот на Талат Џафери од ДУИ.