Предлог-буџетот за 2023 на владина седница

by fokus
Владата денеска ќе jа одржи 98-та седница, на чиј дневен ред е Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Минатиот месец во колумна министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека буџетскиот дефицит ќе продолжи да се стеснува и со новиот буџет за 2023 година, со што се оди со постепена фискална консолидација.

Во колумната, Бесими посочува дека догодина доспеваат и стари обврски во износ од 800 милиони евра, меѓу кои и еврообврзницата од 450 милиони евра издадена од 2016 година. Каматите за наредната година изнесуваат околу 240 милиони евра, или вкупно доспеаниот долг заедно со каматите надминува милијарда евра.

Поврзани новости