Предизборен молк во Србија

by Фокус

Во Србија денеска на сила е предизборен молк, кој ќе трае до утре до 20 часот, кога ќе бидат затворени избирачките места.

Граѓаните на вонредните парламентарни избори ќе избираат 250 пратеници во Собранието на Србија.

Покрај парламентарните ќе гласаат и на покраински избори во Војводина, како и на локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград.

Републичката изборна комисија претходно соопшти дека вкупниот број на гласачи во Србија за парламентарните избори на 17 декември е 6,5 милиони, а ќе се гласа на над 8 илјади избирачки места.

На збирната листа за парламентарните избори се наоѓаат 18 листи, со вкупно 2.818 кандидати за пратеници.

Поврзани новости