За прв пат на голема отворена конференција во Скопје, во присуство на светски познати лекари, денеска ќе се зборува за лековитото дејство на марихуаната.
Преку предавањата на гостите, ќе се направи обид да се расчистат предрасудите кои постојат во македонското општество, а присутните ќе имаат можност и преку прашања да учествуваат во демистификација на лекот.
Конференцијата ќе ја отвори Рик Симпсон од Канада, производител на масло од канабис, чиј рецепт е светски познат откако самиот се излекувал од канцер на кожа, како и илјадници луѓе низ светот.
Неговите тврдења ќе ги надополнат научниците, кои се водечки авторитети во истражувањата на својствата на канабисот и промотори на тренд на лекување со канабис, Лумир Ондреј Хануш, Пол Хорбни и Роберт Меламејд.
Таканаречениот семинар за откривање на вистинските информации за лековитото дејство на канабисот започнува денеска во шестата сала на „Сине плекс“ од 14 часот започнува.