Пред затворањето на гласачките места одѕивот е 50,86 отсто

by Frosina Fakova

Петнаесетина минути пред затворањето на избирачките места, односно до 20.45 часот на десеттите по ред парламентарни избори гласале 50,86 отсто од пријавените гласачи, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. Тој очекува овој процент од излезноста да се зголеми по целосното пребројување на гласовите.

Во ИЕ 1 гласале 52,17 %

Во ИЕ 2 одѕивот е 47,97 %

Во ИЕ 3 гласале: 57,37 %

Во ИЕ 4: 59, 79 %

Во ИЕ 5: 50,16 %

Во ИЕ 6: 39 %

Деркоски им честиташе на граѓаните за демократски спроведените избори.

Во  21 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На денешните десети парламентарни избори, а петти предвремени избори право на глас имаа 1.814.263 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија на корона вирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици беа отворени во 7:00 часот, а гласањето заврши во 21 часот. Се гласаше за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имаат 1.578 кандидати.

 

Поврзани новости