Пред заминување на аџилак, на вакцинација

by fokus

Привршува вакцинирањето против менингит на верниците во кумановскиот Центар за јавно здравје на верниците кои годинава ќе заминат на аџилак во Саудиска Арабија.

Според податоците на Центарот, досега вакцинирани се 40 лица од регионот што го покрива оваа јавна здравствена установа. Годинава македонските аџии во Саудиска Арабија ќе патуваат само со авион.

Имено, верниците, пред да заминат задолжително одат на превентивни прегледи во центрите за јавно здравје.

– Верниците ги вакциниравме со четиривалентна вакцина против менингит, изјави епидемиологот Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

По враќање во земјата, аџиите ќе бидат под засилен епидемиолошки надзор, при што ќе се следи нивната здравствена состојба.

Поврзани новости