Пред утрешниот антивладин протест Бериша повика на масовно присуство, полицијата ја подигна готовноста

by Fokus

Пред утрешниот антивладин протест свикан од опозицијата, демократскиот лидер Сали Бериша преку видео-порака на социјални мрежи ги повика граѓаните на што поголема масовност.

– Вие сте на ред да се докажете себе си, за иднината и за Албанија. Доколку се чувствувате незадоволни од денешната политичка реалност, треба да се приклучите на големиот протест за преземање контрола врз земјата и иднината. Вашето присуство на протестот не е партиски чин, туку обид за спас на вашата иднина и вашата земја која е во опасност, порачува Бериша.

Протестот под мотото „Да ја спасиме Албанија” ќе почне во 16 часот пред владата во Тирана.
Дозвола од полицијата има за два часа, но како што изјави Бериша претходно, за времетраењето ќе одлучи народот. Ќе се обратат 20 говорници меѓу нив Бериша и Илир Мета.

Во меѓувреме полицијата ја подигна готовноста. Веќе е зголемено присуството на обезбедувањето околу владата а според најавите за утрешниот протест се ангажирани повеќе од илјада припадници на полицијата од сите сектори.
Утрешниот протест се смета за тест за лидерите на опозицијата, кои мора да ја надминат излезноста на митингот одржан на 7 јули за ја потврдат поддршката од народот за која постојано зборуваат

Поврзани новости