Максути: Уставните измени се неизбежни, но не се знае како ќе се стигне до нив

by Fokus

„Две-три фотографии објавени во јавноста не се доказ дека Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ќе биде под влијание на одредена политичка партија“, вели во разговор за порталот „Локално“ професорот на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, Мерсим Максути.
Според него, уставните измени се неизбежни и тие мора да се случат, но останува нејасно како ќе се стигне до нив.

„Две-три фотографии објавени во јавноста не се докази дека Ислам Абази новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе биде под влијание на одредена политичка партија. Јавноста веќе знае дека тој е од истото родно место со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговото семејство, така што поради други причини и моменти во животот луѓето можат да се дружат“, вели професорот Максути.

„Ниту една законска норма не предвидува дека во вакви ситуации не може да биде можен негов избор на оваа функција. Згора на тоа, неговиот избор доаѓа од мнозинството негови колеги Македонци, Албанци и други колеги и ова е уште еден факт што говори за неговата досегашна работа, довербата што ја создаде. Морам да признаам дека и ова може да има мала доза на етничка нетрпеливност, бидејќи до денес немавме ниту еден Албанец што го водел ова важно тело. Сведоци на слична ситуација бевме и при изборот на претседател на Собранието. Мора да чекаме и да видиме со колку достоинство и професионалност ќе ја водат оваа институција“, додава тој.

Околу уставните измени за внесување на Бугарите во највисокиот правен документ, Максути вели дека тие се неизбежни.

„Уставните измени се неизбежни и мора да се случат, но останува нејасно како ќе се стигне до таму. За ова и самата ВМРО-ДПМНЕ е многу убедена дека тоа е неповратен процес, но си игра своја политичка игра што можам да има корист од оваа ситуација, а од која може да ја одведе државата до предвремени избори. Опозицискиот лидер многу добро знае дека европската преспектива на државата е над интересите на секоја политичка партија“, вели професорот.

Поврзани новости