Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ечеше носечката песна од „Кум“

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ го „прослави“ новиот развој на настаните во случајот „Рекет“ со нумера од саундтракот на антологискиот филм „Кум“. Пред седиштето на партијата денеска ечеше носечката песна од овој филм „Зборувај ми тивко, љубов моја“, која се провлекува во сите три филма од трилогијата. Песната беше пуштена од звучниците на ВМРО-ДПМНЕ додека траеше прес конференцијата на СДСМ на плоштадот пред седиштето.

Sicilian Mafia vs Camorra… The last battle 😂

Publiée par Furkan Saliu sur Vendredi 9 août 2019

Откако заврши песната, од седиштето одекна „Ќе биде се во ред“ на Каролина Гочева. Зборовите на песната на Гочева упатуваат на зборовите употребени во новообјавената аудио снимка. Во неа глас кој е наводно на Катица Јанева му вели на Камчев: „Не се секирај за ништо, се ќе биде ОК“.

I ke bide se vo reeeeed 😂😂😂

Publiée par Furkan Saliu sur Vendredi 9 août 2019

„Кум“ е филм во режија на Френцис Форд Копола, кој го опишува животот на сицилијанската мафија од минатиот век во Америка.

ВИДЕО: Фуркан Салиу

Поврзани новости