Се повеќе Македонци добиваат бугарски пасош

by fokus

На вкупно 2.566 луѓе им било доделено бугарско државјанство во првите шест месеци од 2019 година, велат податоците на Комисијата за бугарско државјанство при кабинетот на претседателот на Република Бугарија, пренесува „Мета“.

Што се однесува до минатата година, државјанство од Бугарија добиле 3.619 граѓани на Република Северна Македонија.

Бугарско државјанство преку натурализација било повлечено во пет случаи со образложение, дека оние на кои им било доделено криеле информации кои ги дисквалификуваат. Информациите се однесувале на кривични пресуди на апликантите или на врски со криминал.

Поврзани новости