Пред крај на годинава е предвидено да се заврши делницата Петровец – Катланово

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска беше на увид во градежните работи за рехабилитација на делницата Петровец – Катланово.

Должина на рехабилитацијата со проширување на автопатот А1, од Петровец до Катланово е 10,7 километри, инвестиција вредна 6,3 милиони евра.

„Се надевам и укажувам градежните работи за рехабилитација со проширување на двете ленти од коловозот на оваа автопатска делница да се реализираат уште пред предвидениот рок и со забрзана динамика најдоцна до декември годинава, како што е предвидено“, рече премиерот Ковачевски.

Министерот Бочварски, рече дека градежната офанзива во инфраструктурата е засилена насекаде низ државата, а Рустеми истакна дека „рехабилитацијата на автопатската делница А1 Катланово-Петровец е со цел да се подигне нивото на безбедноста на учесниците на сообраќајот“.

Рустеми ги потенцираше и проектите на кои работат, конкретно, дека годинава почнуваат со рехабилитација на најоштетените делови на автопатот А1 во делот кај Неготино, како и дека по подолг период, се рехабилитира патот Катланово – Велес, во вкупна должина од 8,4 километри.

 

Поврзани новости