Пред Белата палата ечеше „Нешто ќе те питам бабо“ додека Костадинов држеше прес

by fokus 19:32
19:32

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ечеше новопреработената песна од Некс Тајм „Нешто ќе те питам бабо“, која е неофицијална химна за историскиот лик Тодор Александров.

„Со оваа песна растевме, со оваа песна ќе продолжиме да работиме, за нејзе, за Македонија. Одлично сработено дело. Македонија вечна! Браво момци – напиша на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Advertisements -
Banner NISSAN_Okt_300x250

Песната ечеше и додека портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ја држеше денешната прес конференција пред Белата палата, каде го повика Мицкоски да појасни за фирмата, како што рече, на неговиот банаџак.

Поврзани новости