Дека секогаш најдобрите дизајнерски колекции можете да ги најдете на едно место веќе знаете, а она со што дополнително ја разубавуваме оваа среда е информацијата дека во Fashion Group почна меѓусезонското намалување до -30%!
Со оглед на тоа што во понудата на групацијата долго време може да ги најдете колекциите на некои од најголемите „ит“ светски брендови, повеќе од сигурно е дека веќе имате листа на парчиња што ги посакувавте изминатиот период, а сега е моментот истите да ги набавите.
Уживајте во најстилските парчиња за оваа сезона и направете ги најдобрите комбинации со само еден клик порачувајќи ги онлајн, или пак одвојте време и посетете ги продавниците на брендовите на Fashion Group во Сити Мол и Ист Гејт.
Оваа пролет е постилска од кога и да е, а од денеска, можете да направите уште повеќе комбинации од она што го замисливте, со многу помалку средства. И да, добро се сетивте, сега е вистинскиот момент да си го набавите капутот со кој ќе влезете со стил во следната сезона, јакната со која ги замисливте сите кул комбинации или пак чизмите што толку неодоливо ви одговараат со новата чанта.
Промоцијата доаѓа во пресрет на празниците, токму навреме и да ги набавите сите подароци со кои сакавте да ги израдувате најблиските, но и да ја збогатите вашата колекција на уникатни парчиња.
Покрај меѓусезонското намалување, од денеска во вашата омилена групација стартуваат и нови одлични промоции како онаа на Geox во чии рамки добивате -15% намалување на чевли и -30% на јакни, а не ја забораваме ниту онаа во најслаткиот бренд Окаиди каде од денеска па сè до 2 Mај важечка е промоцијата од -10% за 1, -15% за 2, -20% за три и повеќе производи.
Како и секогаш, можностите кога се шик парчињата се неограничени, а времето подобро од кога и да е за да си набавите многу парчиња, за многу помалку.
Сите производи од понудата на сезонското намалување во Fashion Group можете да ги најдете во продавниците на популарните брендови, но и онлајн на нашата продавница на www.fashiongroup.com.mk
ПР текст