Правнукот на Гоце Делчев, Христо Христов, заедно со поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, упати апел до граѓаните и политичарите на Македонија и Бугарија да не дозволат ескалација на тензиите по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Кон апелот се приклучија и Рајна Дрангова, внуката на полковникот Борис Дрангов, командант на бугарските сили во Првата светска војна, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев, внуката на Тодор Александров и внукот на штипскиот војвода Мише Развигоров.
„Провоцираните судири меѓу граѓаните на Република Северна Македонија и Република Бугарија би биле неприфатлива сакрилегија за споменот на Гоце Делчев. Тие ќе фрлат грда сенка не само на односите меѓу нашите најблиски земји, туку и на оние кои загинаа за слободата на Македонија од османлиската власт“, се наведува во апелот.