Правниот советник на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, Восилав Стојановски, е избран за нов член на Комисијата за помилување.
Ваква одлука за проширување на Комисијата за помилување со уште еден член од граѓанскиот сектор и здруженијата кои се занимаваат со прашања од областа на заштитата на човековите права, претседателот Ѓорѓе Иванов донесе откако јавноста реагираше на новогодишните помилување, во кои според истражувањата на Телма, имаше и силувачи и убијци.
Претседател на оваа Комисија за помилување е Василка Јурукоска, а членови се проф. д-р Никола Јанкуловски, јавниот обвинител Марко Зврлевски, поранешната пратеничка Благородна Дулиќ, поранешниот претседател на Судскиот совет Бекир Исени, проф. д-р Методија Каневчев, пензионираната судијка и поранешен претседател на скопска Апелација Љупка Арсениевска, претседателот на Апелациониот суд Штип Стојанче Рибарев и проф. д-р Нуман Аруч.