429
Пратениците од новиот состав на Собранието до крајот на месец јануари треба да достават анкетни листови. Анкетните листови треба да содржат колкав имот поседуваат, хартии од вредност и побарувања и долгови и треба да се достават до Државната изборна комисија.
Имотот на пратениците е информација од јавен каракер и нивна обврска е да достават анкетни листови.
И по престанокот на мандатот, пратениците се должни да достават Анкетен лист во рок од 30 дена, а доколку дојде до друга функција исто така имаат обврска да ја информира Комисијата за новиот избор или именување.