Пратениците се„ фатија за гуша” за иднината на Иванов

by fokus

Жестока расправа меѓу пратениците од власта и опозицијата предизвика предлогот за основање на Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за импичемнт на Иванов.

Шест пратеници од ВМРО ДПМНЕ, по двајца од СДСМ и од ДУИ и еден од ДПА треба да оценат дали да се поведе постапка за импичмент на претседателот.

За опозицијата неприфатливо е ВМРО-ДПМНЕ да има мнозинство во Комисијата и ќе гласа против нејзино формирање.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, владејачката партија нема право да назначи апсолутно мнозинство во Комисијата, за која, како што тврди треба да напише извештај за грубо прекршување на Уставот.

-Мафијашката врхушка ве натера за импичментот на Иванов за 11 членови на Комисијата, шест ставиме од ВМРО-ДПМНЕ. Брутално го прекршивте Деловникот, таму стои соодветна застапеност на пратенички групи. Мислите дека шест луѓе ќе го спасат Иванов? Иванов не може никој да го спаси. Ова е чисто штитење, сега од шесте членови на ДПМНЕ се бара да се заштити криминалот на Владата.  – рече Сугарески.

Владеачката партија пак, вели дека мнозинство во Парламентот обезбедува мнозинство во Комисијата.

Пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека Комисијата нема да суди или да одлучува дали претседателот ги прекршил правата, бидејќи на собраниска седница ќе се дискутира за тоа и ќе носи одлука, а не Комисијата.

Инаку, на иницијативата за отварање постапка за утврдување одговорност на Иванов поради групното помилување, потписници се СДСМ и ДУИ.

Откако ќе се формира, Комисијата што ќе ја предводи Зоран Илиоски има седум дена за да подготви извештај кој ќе биде разгледан на собраниска седница. Тогаш е потребно дво-третинско мнозинство, за да се побара конечна одлука од Уставниот суд.

Поврзани новости