398
Пратениците Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Илија Николовски и Павле Богоевски во петок ќе сведочат во Кривичниот суд за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието.
На денешното рочиште обвинетите се изјаснуваа за вина, при што сите одговорија дека не се чувствуваат за виновни.
Судијката Добрила Кацарска за овој предмет закажа термини за судење дури до крајот на јануари, односно дотогаш треба да се одржат дури 28 рочишта.