Специјалната јавна обвинителка ги запиша прашањата кои денеска и ги поставија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и независните пратеници во собраниската Комисија за политички систем, во врска со Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.
Таа рече рече дека нема да го користи правото на контра-реплики и дека на сите прашања ќе одговори наеднаш, во текот или по завршувањето на расправата.
Членовите на Комисијата за политички систем од ВМРО- ДПМНЕ со прашањата всушностја обвинија Јанева дека работи селективно, отворајќи истраги само против функционерите од власта. Освен тоа, тие побараа отчет како обвинителката ги води истрагите и колку ги плаќа експертите.
Зоран Илиоски ја праша Јанева и дале знае колку чинел училишниот превоз во Струмица, а колку во Токио. Илија Димовски пак на Јанева ѝ порача дека нема атмосфера да се продолжи рокот за истраги и за поднесување обвинение, а во замена на тоа ѝ понуди поголем број обвинители.
Пратеничката Рената Десковска од СДСМ рече дека опозицијата дава поддршка на барањата на Јанева, особено, како што рече, зашто има сомнителна смрт на еден од сведоците на СЈО.
Нејзиниот сопартиец Петре Шилегов побара Јавното обвинителство на РМ и обвинителот Марко Зврлевски да не го блокираат работењето на СЈО, а на Јанева и порача дека е разочаран “од малиот број поднесени обвиненија, и покрај опструкциите со кои се соочува во работата“.
Од ДУИ пак, сакаат да знаат дали Јанева ќе ги преземе случаите „Монструм“, „Сопот“, „Диво Насеље“ и случајот за протестите во Ѓорче Петров.
Расправата денеска беше прекината околу 15 часот и беше дадена пауза до 16.30, а треба да продолжи да работи денеска до 18 часот.