Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со контра-реплики меѓусебе ја опструираат седницата

by fokus

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ најдоа начин како да ја одоговлекуваат конститутивната седница на која треба да се изебре претседател на Собранието. Тие цело време се пријавуваат за реплики и си реплицираат меѓусебе, иако според Деловникот забранети се реплики и контрареплики меѓу членови на иста пратеничка група.

На ова процедурално реагираше Оливер Спасовски од СДСМ, но претседавачот со седницата Трајко Вељаноски рече дека деловникот забранува реплики и контрареплики меѓу членови на иста пратеничка група, но оти со оглед на тоа што пратенички групи се уште не се формирани, пратениците имаат право на реплики и контра-реплики.

Поврзани новости