449
Откако тунелот кај Демир Капија беше пуштен со ора, игри, песни и чочек, денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниска седница влегоа со музика за чочек, по што Џафери ги искара да ги исклучат телефоните.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев застана на говорница:
– „Доста славите, доста 10 дена славите со чочеци во тунел и со коктели. Ќе одговарале министрите денес пред опозицијата, сè само правите да ги оттргнете граѓаните од реалните проблеми. Каде се високите плати на лекарите, ги зголемивте акцизите. И Могерини ви кажа дека треба само пола ден да славите и време е да почнете да работите“, – истакна тој.