66
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ непосредно по говорот на Антонио Милошоски, ја напуштија салата во Собранието и нема да ја гласаат техничката Влада.
Откако излегоа од салата, на говорницата излезе Дарко Каевски од СДСМ кој најави дека Ковачевски пак ќе биде премиер, а СДСМ ќе формира Влада.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена и сака намерно да ги проблематизира изборите.