395
Пратеничката група на СДСМ нема да биде во собраниската сала при утрешното годишно обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов во Собранието, соопшти денеска координаторот на пратеничката група, Горан Сугарески.
-Мислам дека ставот на СДСМ е јасен одамна. Претседателските и парламентарните избори се криминални и наместени. Во Парламентот сме исклучиво заради договорот од Пржино. Немаме апсолутно никаква намера. Тој како прво за нас не е претседател, затоа што е избран на криминални и наместени избори, рече Сугаревски одговарајќи на новинарско прашање.
Претседателот Ѓорѓе Иванов, според најавата, утре во 12 часот во Собранието ќе го одржи својот годишен говор.