Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со 10-часовни говори ќе го блокираат изборот на Јовески за уставен судија

by fokus

Денеска продолжи седницата на Комисијата за избори и именување на која треба да продолжи расправата за предлогот на власта за уставен судија, Љубомир Јовески.

На самиот почеток на седницата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа процедурална забелешка бидејќи претседателката на Комисијата не и даде збор на пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска која на минатато продолжение на седницата зборуваше 10 часа.

Според ВМРО-ДПМНЕ, таа не го завршила своето обраќање и требало денеска да продолжи.

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ на прашањето дали како дел од најавената блокада на Собранието, тие ќе го блокираат изборот на Љубомир Јовески за уставен судија и со кои мерки вели:

Ние сме на 13-тиот говорник, а имаме 30 пријавени за збор. Мислам дека остнатите 17 пратеници ќе имаат што да кажат за неработењето на Јовески и во овој момент не би можел да кажам кога ќе заврши. По Деловникот, Стаменковска треба да продолжи со својот говор. Ако не продолжи таа, има уште 17 говорници. Суверено право е на секој пратеник колку би зборувал, но по материјатели и по скандалите кои Јовески ги има направено, верувам дека секој пратеник би зборувал колку пратеничката Стаменковска, вели Стојаноски.

Во моментов седницата е на пауза, откако претседателката на Комисијата не ја прифати процедуралната забелшка за продолжување на говорот на Стаменковска.

Катерина Смилева Божиновска

 

Поврзани новости