Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски

by fokus

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија комисиската расправа на која денеска се разгледува предлогот за да му биде одземен мандатот на Никола Груевски, по основ дека е недостоен да ја врши функцијата откако беше осуден на казна затвор од две години.

Пред да излезат од салата во нивно име говореше пратеникот Трајко Вељановски, кој рече дека процесот против Груевски бил политички мотивиран.

 

-Живееме во време кога сме свесни дека во Македонија се врши прогон и политички притисок врз народот, политичките партии и политички лидери. Македонија денеска нема самостојно и независно судство. Преку процесот не е докажана штета на државата ниту материјална корист. Денеска предметот е вон рацете на некој друг. Секојдневно некој се вози со мерцедесот. Тука сега се прави доуништување на демократијата – рече Велјановски.

Откако пратениците од опозицијата ја напуштија седницата на говорницата излезе пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски кој ги демантираше, како што рече, обвинувањата дека власта врши политички прогон.

Поврзани новости