Пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да гласаат во Собранието, за продолжување на важноста на пасошите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот народ, затоа треба да се одважат и да гласаат за продолжување на нивната важност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните ги затворија во својата држава, направија отворен затвор од Македонија. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеле дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи.

Народот доста веќе истрпе и доста беше омаловажуван од власта, сега е време да им се помогне на граѓаните. Треба барем 15 чесни пратеници од власта да има, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите.

Во спротивно тие сите, треба да се откажат од своите дипломатски пасоши, со кои патуваат непречено, кога и каде да посакаат.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!“ порачаа од опозициската партија.

Поврзани новости