531
На седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска на дневен ред е предлог-законот за изменување на законот за пратениците, со кои се предвидува одредено намалување на надоместокот за патните трошоци на пратениците.
Собранието во март со 59 гласа „за“, без ниту еден „против“ или „воздржан“ ги пушти измените на овој закон во второ читање.
Тие предвидуваат наместо 30 отсто од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар на возилото кое се користи, пратениците да добиваат надомест од 20 отсто.