Седумдесет и три пратеници минатата година инкасирале 360.000 евра, за да ги покријат своите патни трошоци.
Најмногу патни трошоци пријавиле народните избраници од СДСМ – 23 пратеници од оваа партија добиле 133.000 евра, а веднаш за нив се 23 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои за овааа намена добиле 132 илјади евра.
Како што објави ТВ Сител, сумите за патни трошоци што минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7.800 до 770.000 денари, а рекокордери се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди, на чии сметки легнале од 706 до 770 илјади денари.
Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ лани дневно во просек добивал по 3.550 денари за да патува на релација Струга до Скопје, а Поцкова од истата пратеничка група за патувањата од Скопје до Струмица дневно во просек добивала 3.468 денари.
Рашиди од Алијанса, пак, за превоз од Струга до Скопје дневно во просек добивал по 3.254 денари.