Државната изборна комисија денеска им ги врачи уверенијата за новите пратеници на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места на предвремените парламентарни избори 2016 .
Претходно ДИК ги прогласи резултатите на изборите за конечни.
Според претседателот на ДИК, Александар Чичаковски изборите биле спореведени по меѓународни стандарди.
Претставникот на СДСМ, Стефан Богоев рече дека сега приоритет е да се одржи конститутивната седница.
„Потребно е час поскоро да се свика Собранието и што побрзо да се формира влада. Граѓаните гласаа за промени и очекуваат промени“, рече Богоев.
И претставникот на ДУИ, Арбер Адеми рече дека сега треба да се спроведат реформските процеси.
ДИК го испрати извештајот за изборите до Собранието, од каде се очекува да се каже кога ќе се одржи конститутивната седница.
Собранието ќе има 120 народни избраници од кои на ВМРО-ДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2.