Јанкуловска се појави во Апелација на одлучување дали бомбите да се употребат како доказ против неа

by fokus

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, се појави денеска во Апелациониот суд каде на јавна седница се одлучува дали „бомбите“ ќе бидат доказ за случајот „Тенк“. Кривичниот суд го отфрли ова барање на Специјалното јавно обвинителство, по што на потег е Апелација. Овој суд веќе дозволи  „бомбите“ да бидат докази во случаите „Тендери“, „Шамари во Центар“, „Топлик“, „ТНТ“ и „Триста“.

Случајот „Тенк“ на СЈО се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на екс -министерката Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки кои му ја исполниле желбата на поранешниот премиер Никола Груевски за набавка на Мерцедес вреден 600 000 евра.

 

Поврзани новости