Пратениците без дискусија ја утврдија листата кандидати за ДИК и му ја испратија на Џафери

by fokus

Едногласно и без дискусија пратениците на Комисијата за избори и именувања ја утврдија листата со 47 пријавени кандидати за членови на ДИК и му ја испратија на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според процедурата, Џафери треба листата да им ја достави на партиите и тие да ги предложат своите членови. Потоа, Комисијата повторно ќе заседава и ќе ги констатира седумтте кандидати за членови на ДИК.

На крајот, на пленарна седница составот на ДИК треба да биде изгласан со двотретинско мнозинство, според стариот модел на Изборниот законик.

Поврзани новости