598
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски останува во притвор, потврдуваат од Апелација.
Неговиот адвокат Александар Новаковски образложи дека притворот мора да се укине, бидејќи нема опасност од бегство или повторување на делото. Според Новаковски оправданоста на неговото барање го поткрепува и фактот дека Василевски дал исказ во обвинителството за организиран криминал и го понудил телефонот.