849
Откако пред два дена на собраниската седница за одложување на изборите, пратникот од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, беше фотографиран како покажува два средни прсти кон опозицијата, на денешната седница на собраниската Комисија за образование тој направи уште еден вулгарен гест.
За фотографијата на која покажува два средни прсти, Пишев вчера рече дека е фотомонтажа, а денеска дека всушност „играл рап“, како што се „игра рап“ во сите дискотеки.