Пратеникот Васко Наумовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше избран во изборната единица Австралија, денеска во Центарот за социјални работи во Битола истепал социјална работничка, јавува телевизија Телма. Таа по инцидентот била пренесена во битолската болница, каде се уште се наоѓа. Освен неа, пратеникот Наумовски нападнал и тројца нејзини колеги.
Наумовски физички ги нападнал социјалните работници по средбата со неговиот син во Центарот, кој смее да го гледа под присуство на социјален работник.
-Во моментот оштететната се наоѓа во Клиничката болница во Битола, задржана е на понатамошен третман. Настанот е пријавен во полиција, се работи на случајот. Како ќе се одвива понатаму,зависи од обвинителството и полицијата, изјави за Телма адвокатот на истепаната социјална работничка, Доне Кузмановски.
Социјалната работничка која Наумовски физички ја нападна била сестра на сопругата на пратеникот.