Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, денеска реагираше дека пратеник од оваа партија бил погрешно регистриран на листингот од вчерашното гласање за доверба на Владата.
Како што рече Данев, пратеникот Благоја Деспотовски, гласал за недоверба на Владата, но бил регистриран дека не гласал воопшто. Инаку на интерпелацијата беа потпишани 41 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, а собраниските служби изброаја 40 гласа против Владата на Зоран Заев.
-Сите присутни тука го видовме Благоја Деспотовски дека го пристисна тастерот – рече Данев.
Собранискиот спикер, Талат Џафери, ги отфрли можностите дека можело да се влијае на гласање. -Технички нема можност да се влијае врз принципот на гласање, може картицата не била на свое место – рече Џафери.