442
Надзорната расправа за извештајот на Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи денеска во 13 часот, откако вчера беше прекината поради влошената здравствена состојба на Катица Јанева.
По прекинот на седницата, СЈО испрати соопштение во кое Јанева се извинува што морала да ја напушти седницата и дека е под лекарски надзор.
Сега за сега, нема информации дали специјалната обвинителка денеска ќе дојде во Собранието.