Бранителите Јохан Тарчуловски и Стојанче Ангелов на заедничка дружба во Неготино: НЕ Е ВАЖНО ОД КОЈА ПАРТИЈА СМЕ, ТУКУ КОЛКУ СИ ЈА САКАМЕ ЗЕМЈАТА

by fokus 11:00
11:00

Генералите Стојанче Ангелов и Јохан Тарчуловски вчера заедно се забавуваа на концертот на Жељко Самарџиќ во Неготино. Настанот кој што го организираше шампионот во бодибилдинг и сопственик на хотелот Парк, Тоше Зафиров, каде што Жељко имаше концерт, ги спои двајцата бранители, кои што иако не дојдоа заедно, сепак поголемиот дел од ноќта го поминаа во заедничко друштво, пеејќи ги хитовите на Самарџиќ. Со нив беа и нивните сопруги Јасминка Ангелова и Соња Тарчуловска.

thumbnail_img_0257,,Нашето пријателство ќе трае засекогаш, без разлика на тоа што двајцата сме на различни политички страни. Во 2001 година бевме на истата страна, сега сме на различна, но сепак љубовта кон нашата земја и на двајцата ни е иста. Драго ми е што се сретнавме со Јохан и Соња вечерва, затоа што и покрај се, ние сме браќа, македонски синови. Тоше и Жељко не споија вечерва, а задоволството поради средбата е обострано,, – ни изјави Стојанче. И Јохан не го криеше задоволството од дружбата со Стојанче.

thumbnail_img_0264,,Љубовта кон татковината не треба да се мери според партиската припадност, и не е толку важно од која партија сме, туку колку си ја цениме нацијата. Јас и Стојанче сме големи патриоти, стари пријатели, бранители… Вечерва сме тука како гости на нашиот пријател Тоше Зафиров, дојдени да уживаме во песните на Жељко. Ја сакам неговата музика, речиси сите песни му се хитови, но ако ме прашате која е мојата омилена песна, веднаш без размислување ќе ви кажам дека тоа е нашата безвременска ,,Земјо македонска,,. Нема поубава песна од неа, се надевам дека Самарџиќ ќе ни отпее нешто и на македонски,, – ни раскажа Тарчуловски.

Откако го заврши репертоарот со своите најголеми хитови, Жељко им исполни неколку музички желби на Јохан и на Стојанче, кои што со сопругите се забавуваа пред бината, па сите заедно пееја стари македонски песни. Заедничката дружба на двајцата бранители беше вистинска атракција, и голем број од посетителите доаѓаа да се фотографираат со нив.

Вики Клинчарова

Поврзани новости