401
Демонстрантите многу бргу дојдоа горе и ни се заканија со зборовите: „Готови сте, сите ќе ве убиеме“ , изјави пратеничката од коалицијата на СДСМ, Милева Ѓорѓиева, која денеска беше на распит во Јавното oбвинителство за крвавите настани во Собранието на 27 април годинава.
Ѓорѓиева сведочеше дека биле направени импровизирани скали од три бироа од каде што успеала да се симне од галеријата во законодавниот дом.