Пратеничка од Прилеп позитивна на корона вирус

by Frosina Fakova

Пратеничката од редовите на СДСМ, Кети Смилеска е позитивна на новиот корона вирус, потврдуваат за Фокус од Министерството за здравство.

Информацијата дека пратеничката се заразила неофицијално почнаа да се шират уште викендов, но се чекаше потврда од надлежните институции кои ги чекаа резултатите од нејзиниот брис.

Смилеска и самата потврди дека нејзиниот тест бил позитивен. Се тестирала бидејќи ги имала сите симптоми, покачена температура, малаксаност и кашлица. Сепак Смилеска не знае од каде се заразила бидејќи ги почитувала препораките и седела дема, па сега епидемиомозите испитуваат од кој контакт Смилеска ја добила заразата. Според нашите неофицијални информации и други лица од нејзиното пошироко семејство се позитивни на новиот вирус.

Од саботата била примена на Инфективната клиника во Прилеп, но сега нејзината состојба е подобра.

Сепак нејзиното заразување нема да влијаее на политиката бидејќи Собранието е распуштено.

Поврзани новости