Државниот управен инспекторат денеска испратил инспекција во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по анонимна претставка од граѓани кои изразиле загриженост дека неовластено лице решава граѓански проблеми, а на Инспекторатот му биле доставени сите потребни документи на увид.
-Беше аргументирано со документи дека, задолжено лице за одговарање на прашањата кои пристигнуваат на официјалната емаил адреса на министерството е Наташа Методиева, административен службеник во Кабинетот на министерот, долгогодишна вработена во министерството, информираше попладнево министерската Фросина Ременски.
Таа појасни дека одговорното лице за официјалната имејл адреса не одговара на граѓаните во смисла на управна постапка и граѓаните не треба да стравуваат, затоа што одлучувањето по нивните барања го прават одговорните по надлежност во министерството.
-Шеф на кабинет на министерот за труд и социјална политика е административниот службеник Јована Тренчевска, долгогодишна вработена во Министерството за труд и социјална политика. Третиот административен службеник во кабинетот на министерот е Слободанка Лазова Здравковска административен службеник во кабинетот на министерството, вработена во министерството, информира Ременски.