Поранешниот градоначалник на Могила тврди дека тутунот го саделе закупци

by Фокус

Поранешниот градоначалник на Могила, Славко Велевски за „Фокус“ вели дека е точно оти нивите за кои зборува СДСМ се негови, меѓутоа негира дека лично тој насадил тутун на црно, од типот Вирџинија .

– Јас моите ниви ги давам под закуп, а тој тутун го насадиле луѓето што ја земале земјата под кирија. Садат што сакаат, тоа е нивна работа и има и од другиот тутун, тој малиот. Некој ги излажал дека ќе им го откупи и го насадиле. СДСМ зборува како да станува збор за дрога, меѓутоа тутунот е насаден покрај пат и никој не го сокрил, не е собран и секој може да го види. Јас лично садам пченка – тврди Велевски.

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски попладнево праша дали од тутунот на црно во Могила веќе 5-та година се богати ексградоначалникот на општина Могила од ВМРО-ДПМНЕ, Велевски Славко кој раководел со општината 16 години.

Според Кирацовски за тутунот Вирџинија нема откупни центри и сѐ оди на црно.

Поврзани новости