Среде Скопје, Хaлили си прогласи нова Република, Илирида

by Фокус

Пред чинот на прогласувањето на независноста на Илирида, насобраните граѓани се потпишуваа на барањето за собирање на потписи, кои ќе бидат доставени до Собранието за распишување на референдум.

Халили објасни дека, Република Илирида ќе биде фактор на стабилност во Балканот и во ЕУ, бидејќи, според него, ни најмалку нема да ги загрози административните граници туку ќе спроведе конфедерална реорганизација меѓу, како што рече, двете републики Илирида-ПЈРМ.

-Оваа идеја датира уште откако се формираше државата. Затоа бараме да се повтори референдумот и Албанците да се изјаснат дали сакаат да живеат во Република Илирида. Ние сакаме по мировен пат да си ги оствариме правата, не како во конфликтот во 2001 година кога имаше монтирана војна под сценарио на странски фактори. Тоа не беше војна ни на Албанците ниту на Македонците. Затоа бараме од премиерот Никола Груевски и од претседателот на Собрание да го разгледаат нашето барање кое наскоро ќе им го доставиме“, рече Халили, самопрогласениот претседател на Република Илирида.

1

Тој најави дека допрва следува собирање потписи за распишување референдум на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат за формирање на Република Илирида.

-Република Илирида ќе се простира низ цела Република Македонија, а главен град ќе биде Скопје, посочи Халити.

Ова не е првпат во Македонија тој да прогласува Република Илирида. Во 2008 година во Тетово беше потпишана и декларација за формирање собрание на републиката, потег кој самиот Халили го оцени како втора етапа по референдумот за автономија од 1992 година. Тој и тогаш ја изнесе идејата за редефинирање на Македонија како унија или заедница на две држави со единствено име „Република Македонија Илирида“.

2

 

3

Поврзани новости