Познато е кој ќе ги плати судските трошоци за „случајот Ѓоковиќ“

by Fokus

Судските трошоци кои се проценуваат на околу еден милион долари за двете рочишта што беа одржани во Мелбурн поради проблемите со влезната виза на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе ги платат организаторите на Австралија Опен, јавија денеска британските медиуми.

Точната сума засега не е позната, но се проценува дека ќе изнесува околу еден милион долари, имајќи предвид дека трошоците по првото рочиште изнесуваа околу 500.000 долари, објави весникот „Дејли Мејл“.

Весникот, повикувајќи на австралиски извори, наведе дека судските трошоците ќе бидат намирени со пари од даночните обврзници.

– Најважната работа која луѓето не ја знаат е дека Тенис Австралија ги плаќа судските трошоци за рочиштата на Ѓоковиќ, Тенис Австралија добива пари за организација на грен – слем турнирот во Мелбурн од австралиската Влада, така што тие кои плаќаат данок ќе ги платат и овие трошоци, иако Ѓоковиќ го загуби споро, тврди изворот на „Дејли мејл

Поврзани новости